Top Sport

Тоти се враќа во Рома

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти следната година би требало да се врати во клубот во кој ја помина целата кариера (1993 – 2017). Тој на италијанските медуми им открил дека има долг разговор со тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо.

Мурињо постојано се жалеше дека тој е единствениот човек во клубот кој зборува за медиумите во врска со контроверзите околу клубот или тимот, поради што во неколку наврати е казнет.

Португалскиот стручњак сака тој дел од работата да го преземе клупската легенда со речиси 800 настапи и повеќе од 300 голови за Рома.

„Понекогаш се допишуваме и разговаравме и на телефон, тој сака да се вратам во Рома. Тоа може да се случи следната година. Мурињо е одличен како личност, а како тренер е најдобар. За да победиш потребни се големи играчи, но исто така и тренер кој може да помогне и мотивира. Навреда е да го критикуваш Мурињо“, изјави Тоти.

Scroll to Top