Тенисерите на Грција и на Словачка на антички стадион ќе го одиграат својот меч од Дејвис купот од Светската група I.
Тениското игралиште се наоѓа на познатиот стадион Панатенаик, познат и како Калимармаро, односно „прекрасен мермер“.
Стадионот е изграден во шестиот век пред нашата ера целосно од мермер.
За Грција ќе играат Александрос Скорилас, Стефанос Циципас во сингл и Михаил Перволаракис и Петрос Циципас во двојки.
Словачка во сингл ја претставуваат Алекс Молкан и Лукас Клајн, кои ќе играат и двојки со Игор Селенај.
Натпреварите се закажани за сабота и недела.
🇬🇷🏛️🇬🇷 @steftsitsipas warming up in the Panathenaic Stadium ahead of Greece's World Group I tie against Slovakia 😍#DavisCup | 📹: Alexandros Maragos @efoagr pic.twitter.com/9Kf8DTWWF7
— Davis Cup (@DavisCup) September 15, 2023