Top Sport

Божинов со 16-ти трансфер во кариерата – потпиша за Ботев Враца

Валери Божинов има нов клуб! Во 16-тата година од неговата професионална кариера, бугарскиот напаѓач направи 16-ти трансфер, овојпат во домашниот клуб Ботев Враца.

32-годишниот Божинов имаше дури седум клуба во последните четири години, играјќи во Хрватска, Швајцарија, Србија, Кина и во италијанската Серија Ц.

„Иако некои зборуваат со љубомора, Валери е многу искрен и чесен човек со кого имаме среќа да соработуваме. Сигурни сме дека ќе направи сѐ во својата моќ да донесе успех за Ботев“, се вели во соопштението на клубот.

Интересна беше и изјавата на Божинов за предизвикот да се живее во градче како Враца со 50-тина илјади жители.

„Во споредба со тоа каде играв во Кина, Враца е како Њујорк!“, изјави фудбалерот кој имаше договори со клубови како Јувентус и Манчестер сити.

 

Scroll to Top