Поранешниот англиски фудбалер, Габриел Агбонлахор се потсмеваше со Манчестер јунајтед и нивната игра при 1:3 поразот од Брајтон на „Олд Трафорд“, велејќи дека Касемиро играл како да има 45 години.
Ова беше трет пораз во првите пет меча од Премиерлигата за „ѓаволите“ и Агбонлахор е зачуден од ситуацијата во клубот и се прашува зошто Хери Мегваер не стартува на местото на Лисандро Мартинез или Виктор Линделоф.
„Брајтон се прошетаа… Во ниту еден момент не помислив дека Јунајтед можат да направат акција од својата половина. Кој и да беше, лесно поминуваше и правеше шанс. Како на тренинг, посебно во второто полувреме. Касемиро! Касемиро изгледаше како да има 45 години, така трчаше. Дури и Тен Хаг сфати колку е лош и го смени со Ханибал, младо момче. Зошто навивачите не ги свиркаат Лисандро и Линделоф? Да беше Хери Мегваер, немаше да биде така. Да бев на местото на Мегваер ќе се прашував, како јас не сум стартер во ваков тим“, вели Агболахор.
Јунајтед во среда ги чека нов предизвик – дуел со Баерн Минхен во Лигата на шампиони.
😳 “It was a training game for Brighton.”
😬 “Casemiro looked about 45 when he was running around the pitch…”
👀 “Maguire deserves to play in that team. Let’s keep the same energy for Martinez.”
Gabby Agbonlahor rips in to Man United after their 3-1 loss against Brighton 🔥 pic.twitter.com/SAmPSMHjQi
— talkSPORT (@talkSPORT) September 16, 2023