И покрај огромните пари потрошени на засилувања, Челси по пет кола во Премиерлигата останува на само една победа, одигрувајќи само 0:0 на гостувањето кај Борнмут.
Тимот на Маурисио Почетино имаше многу проблеми со повредите, и самиот менаџер призна дека може да смета на само 14-15 фудбалери, но сепак, од „сините“ се очекуваше повеќе кај Борнмут, тим кој уште ја чека својата прва победа оваа сезона.
Standings provided by Sofascore