Маурисио Почетино не е многу загрижен од свирежите од навивачите на Челси по разочарувачкото 0:0 реми против Борнмут, со што продолжи потпросечниот старт на новата сезона.
Челси имаат само пет поени од пет меча и се на 14. место на табелата, мачејќи се со огромниот број на повредени фудбалери (Рис Џејмс, Кристофер Нкуну, Моисес Каиседо, Ромео Лавија, Весли Фофана и Беноа Бадијашил. Одговорајќи на свирежите од гостинските навивачи, аргентинскиот тренер одговори луто.
„Со сите фубалери, кога се фит ќе можеме да се бориме за секој меч, но ни недостасуват 12 фудбалери. Имаме 3-4 млади фудбалери, два голмани на клупата, и што сега, да плачам? Не, го прифаќам тоа и продолжуваме. Борнмут се добар тим“, вели Почетино.