Top Sport

Монца резервираше „вечно“ столче за покојниот претседател Берлускони

Фудбалскиот клуб Монца откри посебна плочка на нивниот стадион, со која се обележува „вечното“ столче за нивниот претседател Силвио Берлускони, кој првпат во историјата ги донесе до Серија А.

Поранешниот италијански премиер Берлускони останува најпознат со триумфалниот период на чело на Милан, чиј газда беше над 31 година, но пред неговата смрт на 12 јуни 2023, тој беше прв човек на Монца, кои ги крена од третата лига до прв настап во елитата.

Златната плочка е поставена на неговото поранешно седиште на „У-Пауер стадионот“ и на неа ја има неговата славна изрека: „Кој верува, ќе се бори, кој верува, ќе ги надмине сите пречки, кој верува, ќе победи“.

Scroll to Top