Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери е дел од групацијата која сака да купи 10 отсто од акциите на лондонскиот клуб, тврдат британските медиуми.
Според „Телеграф“, Тери е дел од групацијатата која ја вклучува и навивачката иницијатива „Прајмарибид“, онлајн платформа основана од носителот на сезонски билет на „Стемфорд Бриџ“, Ананд Самбисиван.
Ова не би бил прв обид на Тери да влезе во клубот каде што е легенда – тој беше дел од конзорциум кој се обидуваше да го купи Челси од Роман Абрамович, но сегашните газди, Тод Бели и „Клирлеј капитал“ дадоа најдобра понуда од 2.5 милијарди фунти плус 1.75 милиони фунти во други обврски.
Тери соработува со бизнисменот Харли Кисберг во обид да влезат во Челси, а сега останува да се види дали Бели ќе го прифати како инвеститор.