Top Sport

Балде го продолжи договорот – Откупната клаузула изнесува 1.000.000.000 евра

Фудбалскиот клуб Барселона денеска официјализираше уште едно важно засилување – Алехандро Балде ќе остане во клубот до 2028 година.

Овој потпис беше најавен претходно. Балде е дете на „Ла Масија“, а Чави минатото лето го лансираше во првиот тим и оттогаш е незаменлив.

Важно е да се напомене дека клаузулата на Балде изнесува една милијарда евра, колку што е и за Педри, Гави, Роналд Араухо и за Ансу Фати кој е на позајмица во Брајтон.

Него го застапува Жорж Мендеш, што беше најважно во преговорите, бидејќи имаше многубројни, попрофитабилни понуди.

Балде, пред да го продолжи договорот имаше плата од 165.000 евра. Новиот договор е му носи нешто повеќе од 4.000.000 евра по сезона.

Scroll to Top