Емануел Пети вели дека Пол Погба е „вистинска катастрофа“ по заминувањето од Манчестер јунајтед, советувајќи му да се пензионира ако доби допинг-суспензија од четири години.
30-годишниот фудбалер на Јуве во моментов тренира индивидуално, откако Јуве го суспендираше условно, и сега ги чека дополнителните резултати (на 5 октомври), и поранешниот француски репрезентативец и поранешна ѕвезда на Арсенал, Пети смета дека од 2022 година, патот на Погба е во надолна линија.
„Погба дефинитивно треба да оди во пензија ако добие четиригодишна суспензија, бидејќи така нема да може ниту да тренира. Четири години за 30-годишен фудбалер е премногу. Неговото време во Манчестер јунајтед исто така не заврши добро и сите во Франција мислиме дека е вистинска катастрофа оттогаш. Заборавете го фудбалот, заборавете ги парите, тоа е вистинска катастрофа за него. Тој е целосно уништен и не е Погба кој го познаваме. Тешко е да се врати во фудбалот“, вели Пети.