Top Sport

Клоп: Не бев дрогиран, посветен сум на градење на „Ливерпул 2.0“

Јирген Клоп, конечно, проговори за шпекулациите дека го посакуваат за нов германски селектор по отказот за Ханси Флик и покрај тоа што има договор со Ливерпул до 2026. 56-годишниот Германец потпиша нов договор минатата сезона и вели дека е целосно посветен на клубот со кој има одличен старт на новата сезона.

„Ние градиме ‘Ливерпул 2.0’ тука, сакаме па да нападнеме, а не да гледаме до каде ни е договорот. Имам лојалност кон Ливерпул. Моето срце е тука во Ливерпул, не можам само да ги исечам овие осум години. Потпишав договор и колку што се сеќавам, не бев дрогиран или врзан за да потпишам со уста. Тоа беше слободн одлука и затоа е на место“, вели Клоп во интервју за „РТЛ“.

Според германските медиуми, за наследник на Флик веќе е избран поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, нешто што Клоп го подржува.

„Мислам дека Јулијан е добро решение бидејќи е одличен тренер. Би бил среќен да биде така. Неговата возраст? Не е важно, бидејќи тој и на 28 години покажа дека е одличен тренер. Сега има осум години искуство, нешто што некои го имаат на 45 или 50. Возраста не е критериум“, вели Клоп.

Scroll to Top