Барселона на стартот од Лигата на шампионите го победи Антверпен со 5:0, а на тој натпревар Ламине Џамал стана вториот најмлад играч во историјата на најелитното европско натпреварување.
Во 68. минута Џамал влезе во игра на 16 години, два месеци и шест дена и го тргна од второто место на оваа листа Селестин Бабајаро.
Рекордер е Јусуфа Мукоко, членот на Борусија Дортмунд, кој кој дебитираше пред три години на возраст од 16 години и 18 дена.
Џамал оваа сезона одигра шест натпревари за Барселона и забележа две асистенции. Тој неодамна дебитираше за шпанската репрезентација.
Los 10 jugadores más jóvenes en la historia de la UEFA Champions League #UCL:
Youssoufa Moukoko: 16 años y 18 días
LAMINE YAMAL: 16 años y 68 días
Celestine Babayaro: 16 años y 86 días
Rayan Cherki: 16 años y 102 días
Alen Halilović: 16 años y 128 días
Youri Tielemans: 16 años y…— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) September 19, 2023