Нестварни сцени се случија во 37.минута на стадионот во Мајами, кога кога го видоа играчот со број „10“ како го напушта теренот. Меси поради повреда на мускулот го апушти теренот, а илјадници навивачи си заминаа од стадионот.
Овие сцени уште еднаш ја потврдија фразата дека Американците сакаат да ги гледаат големите ѕвезди, клубовите не ги интересираат.
Инаку, како поинаку можат да се опишат сцените од дуелот меѓу Интер и Торонто, кога пред крајот на првото полувреме луѓето едноставно заминаа од стадионот, само поради тоа што најголемиот фудбалер кој некогаш играл во МЛС лигата нема да игра во второто полувреме.
Да останеа, навивачите на Лионел Меси можеа да уживаат во убедливата победа на избраниците на тренерот Херардо Тата Мартино, која заврши со резултат 4:0, но очигледно не издвоија стотици долари за да го гледаат тимот, туку најголемата ѕвезда.
Кога сме кај цените на билетите, доаѓањето на Меси во САД не само што му донесе огромни профити на клубот од Флорида, кој е во сопственост на Дејвид Бекам, туку и на други франшизи. Во просек, без разлика дали Интер игра дома или на гости, билетите за тие натпревари се поскапи за 500 проценти.
😳 Inter Miami fans mass-exodus from the stadium following #Messi's substitution in the 37th minute of the first half 🚨#MLS pic.twitter.com/LI0VKltgBn
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) September 21, 2023