Top Sport

Рикардо и Цунода ќе останат во Алфа Таури до 2024 година

Алфа Таури, во пресрет на трката за Големата награда на Јапонија објави дека Даниел Рикиардо и Јуки Цунода ќе возат за овој тим и наредната сезона.

Сестринскиот тим на Ред Бул на тој начин реши да не му даде шанса на младиот дебитант Лиам Лосон, кој во Сингапур ги освои првите бодови во кариерата. Трката ја заврши на деветтото место. Претходно во квалификациите, во втората сесија, Лосом успеа да го исфрли Макс Ферстапен.

Цунода вака ќе остане четврта сезона во Алфа Таури, додека Рикардо дојде во текот на летото кога го замени Ник Де Врис.

Австралиецот се повреди во Холандија, се очекува да се врати на патеката на Големата награда на Катар на почетокот на октомври. А во Јапонија наместо него ќе вози Лосон чија иднина за следната сезона се уште не е позната.

Scroll to Top