Директорот на Сасуоло, Џовани Карневали инсистира дека не постоеле сериозни преговори со Јувентус трансферот на Доменико Берарди, но не ја исклучува можноста таков трансфер да се случи во јануари. Берарди подолго време преговараше со клубот од Торино, пред Сасуоло да нареди прекин на преговорите.
„Имаше контакт со Јувентус откако Берарди побара да му го осигураме тој трансфер. Тие го сакаа, но немаше сериозни преговори, туку поставивме краен рок на 17 август и тие не се договорија. Тогаш тие имаа други проблеми, така што немаше прогрес. Ако дојде сериозен предлог во јануари, тогаш ќе се договориме, иако ние не мораме да продаваме“, вели Карневали.
Сасуоло бара околу 30 милиони евра за својот најдобар играч и постојан италијански репрезентативец.