Top Sport

(Видео) Големиот Роџер Федерер пак на тениски терен

Швајцарската тениска легенда, „маестрото“ Роџер Федерер повторно излезе на тениски терен со рекет во рацете, но овојпат со младите тениски надежи пред стартот на Лејвер купот, кој се одржува од утре до 24 септември во Ванкувер.

Дека не го загубил „чувството“, 42-годишниот поранешен светски број 1, го покажа својот фантастичен и препознатлив бекхенд-слајс.

20-кратниот гренд слем шампион Федерер официјално стави крај на кариерата минатата година, одигрувајќи го последниот меч на Лејвер купот во Лондон, кога загуби со Рафаел Надал како партнер.

Scroll to Top