Иако изјавуваше дека, конечно, пристигнал каде што сака по трансферот од Барселона во Пари Сен-Жермен, Усман Дембеле веќе во јануари може да го напушти „Паркот на принцовите“, тврди британскиот „Мирор“, кој додава дека Арсенал и Тотенхем се заинтересираани за позајмица.
ПСЖ го купија Дембеле за 55 милиони евра ова лето, но 26-годишниот француски репрезенативец не успеа да се адаптира добро во тимот на Луис Енрике, не постигнувајќи ниту еден гол на стартот на сезоната.
Дембеле беше критикуван за престојот во Барселона, каде што повеќе беше повреден отколку беше во игра, по што јавно побара да биде продаден, разочарувајќи ги навивачите на каталонскиот клуб.