Top Sport

Ултрасите на Лацио ги „построија“ своите фудбалери

Фудбалерите на Лацио беа повикани на Курва Норд по 1:1 ремито со Монца, каде што добија лекција од сопствените ултраси, откако првично беа гласно исвиркани по лошиот страт на сезоната.

Лацио освои само четири поени од првите пет кола во Серија А, вклучувајќи порази од Лече, Џенова и Јувентус, и тимот на Маурицио Сари по крајот на мечот на „Олимпико“ отиде кај најверните навивачи, од кои добија свирежи.

Ултрасите потоа ги повика Чиро Имобиле и Луис Алберто, од кои побараа многу подобра игра против Торино во следниот меч, добивајќи лекција од околу три минути.

Scroll to Top