Top Sport

За кого ќе игра Ембиид? Французите му поставија ултиматум

Французите се многу мотивирани да се претстават во најдобро светло на Олимписките игри кои ќе се одржат во нивниот главен град во 2024 година. Ова особено е случај по катастрофалниот настап на неодамна завршеното Светско првенство, каде избраниците на Винсент Коле не успеаја да ја минат првата фаза.

Франција ќе смета на најсилниот тим на ОИ, а челниците на Кошаркарскиот сојуз сакаат дополнително да се засилат. Целта е, ни помалку ни повеќе, МВП на НБА.

Камерунецот Џоел Ембиид, има француски пасош. За да игра со Руди Гобер и останатите репрезентативци на Франција, треба само да даде согласност до Федерацијата, но има проблем, бидејќи за неговите услуги е заинтересирана уште една кошаркарска велесила.

На Мундобаскетот потфрли и селекцијата на САД, а најранливата позиција за Американците без сомнение е позицијата на која игра Ембид. Затоа и Грент Хил, директорот на репрезентацијата на САД е во преговори со најдобриот играч на Филаделфија.

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Франција, Жан-Пјер Сиутат зборуваше за локалните медиуми и рече дека Ембиид добил своевиден ултиматум од француските кошаркарски власти.

„Одлуката за Ембид ќе биде донесена брзо. Се надеваме дека и тој го знае тоа. До 10 октомври треба да имаме одговор. Тој датум го поставивме како краен рок“.

„Сакаме Ембиид да игра за нас, но досега никогаш не сме му испратиле официјална покана. Приказната во медиумите ја создадоа други. Тоа е деликатна ситуација бидејќи и репрезентацијата на САД сака Џоел да биде нејзин член“, изјави Сиута.

За олимпискиот кошаркарски турнир, покрај домаќинот Франција, досега се пласираа селекциите на САД, Канада, Србија, Германија, Австралија, Јужен Судан и Јапонија.

Scroll to Top