Top Sport

Ди Лоренцо за однесувањето на Осимен: Тимските проблеми ги решаваме во соблекувалната

Наполи лошо влезе во новата сезона во Серија А. Бранителот на трофејот по пет кола веќе има седум поени помалку од лидерот Интер.

Заминувањето на Лучано Спалети и стоперот Ким е нешто со што Наполи не може да се справи на стартот од сезоната. Многумина се прашуваат дали Руди гарсија воопшто требаше да биде донесен на местото на Спалети.

Наполитанците се без победа на последните три натпревари во Серија А. Синоќа одиграа 0:0 во Болоња. По мечот медиумите најмногу внимание му посветија на Виктор Осимен. Нигериецот промаши пенал во 72.минута, а во 86.минута беше повлечен од теренот, влезе во расправија со тренерот Гарсија.

Капитенот Ди Лоренцо рече дека интерно, во соблекувалната ќе го решат овој проблем.

„Сигурен сум дека Осимен е свесен што го направи. Занее дека погреши. Таков однос кон тренерот е непотребен, ќе разговараме за ова во соблекувалната. Не сме заинтересирани за тоа што го зборуваат луѓето. Ние сме сплотени како тим и знаеме дека не почнавме добро. Сигурен сум дека ќе имаме многу подобри перформанси на следниот меч“, изјави Ди Лоренцо.

Foto/ EPA

Scroll to Top