Иако само што му започна кариерата како фудбалер на саудискиот Ал-Хилал, околу Нејмар повторно има многу шпекулации, од кои последните од Бразил велат дека тој веќе го испланирал своето враќање во стариот клуб, Сантос.
31-годишниот Бразилец беше продаден од Пари Сен-Жермен во Ал-Хилал, и иако се сметаше дека потпишал четигодишен богат договор со клубот, според бразилските медиуми, тој има договор само до 2025, кога би се вратил во Бразил пред стартот на Светското првенство во 2026 година. Според овие информации, Нејмар има двегодишен договор со Ал-Хилал и веќе е договорен со првите луѓе на Сантос во 2025 година, кои го исчекуваат неговиот камбек.
Нејмар има само три настапи за Ал-Хилал оваа сезона и уште нема постигнато гол, а во последните денови беше во центарот на вниманието по конфликтот со тренерот на клубот, Жорге Жесус.