Top Sport

Видал за односот на Тен Хаг кон Роналдо: Ќелавите момци секогаш се компликувани

Секогаш расположениот за разговор Артуро Видал го критикуваше Ерик Тен Хаг за неговиот однос кон Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, оценувајќи дека „ќелавите луѓе секогаш се компликувани“.

Тен Хаг го „наследи“ повратникот Роналдо во летото 2022 година, откако претходната сезона постигна 24 гола, но веднаш влезе во конфликт со менаџерот и постигна само 3 гола во 16 настапи пред да му биде раскинат договорот по експолозивното интервју во кое го критикуваше Тен Хаг, американските газди и своите соиграчи.

Чилеанецот Видал смета дека Тен Хаг морал да се однесува поинаку со португалската легенда.

„Тој тренер влезе навистина лошо. Како ќе го извадиш Кристијано Роналдо? Такви се тие момци. Тој им бше најдобар стрелец и тој не го става во игра. Тие ќелави момци се навистина многу компликувани“, вели Видал.

Роналдо останува легенда на „Олд Трафорд“ поради првиот престој во клубот, кога постигна 118 гола во 292 нстапи, освојувајќи титули од Лигата на шампионите и од Прмеиерлигата.

Scroll to Top