Петролул и Херманштад одиграа 0:0 во десеттото коло во романскиот шампионат. Натпреварот го одбележа страшната повреда на Драгос Јанку (20) од Херманштад. Во шестата минута романскиот играч за врска прв стигна до топката исфрлена од шеснаесетникот, но противничкиот дефанзивец Валентин Тику (23) со лизгачки старт му ја фати ногата. Јанку падна и се фати за глава откако видел дека му е скршена ногата.
Истата реакција ја имаа и неговите соиграчи и ривали, додека Тику беше особено уништен и се расплака при напуштањето на теренот.
Главниот судија Маријан Барбу ги повика лекарите на терен, додека Тику доби директен црвен картон. По укажаната прва помош,Јанку со возило на брза помош бил пренесен во болница и веднаш бил опериран. Се очекува да биде надвор од терените една година.
Видеото можете да го погледнете овде, со предупредување дека видеотот е вознемирувачко.
Во текот на својата кариера, Јанку играше за Клуж и Газ Метан, а во Херманштад дојде минатата година, потпишувајќи договор со важност до летото 2024 година. Сезонава забележа 11 настапи на кои постигна еден гол и запиша една асистенција. Играше и за репрезентацијата на Романија до 20 години. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 100 илјади евра.