Top Sport

Санчо требаше да биде иднината на Јунајтед, сега веќе не може да јаде ни во клупската менза

Манчестер јунајтед му забрани на Џејдон Санчо влез во сите клупски простории што ги користи првиот тим на клубот, вклучително и во клупската менза. Ова е нов удар за 23. годишниот англиски репрезентативец, кој е во конфликт со тренерот Ерик тен Хаг.

Јунајтед пред две години го донесе Санчо во трансфер вреден 85 милиони евра. Фудбалерот потпиша договор до 2026 година. Тој требаше да биде долгорочното клупско решение на левата крилна позиција, но денеска е само во позиција на промашена ѕвезда која тренира со играчите од клупската академија.

Во немилост на менаџеорт, Санчо се најде откако ги искористи социјалните мрежи за да го обвини Тен Хаг дека лажел кога на новинарите им кажа дека воопшто не се трудел на тренинзите. Потоа, Санчо се огласи на социјалните мрежи за да ја понуди својата страна од приказната, велејќи од првиот ден напорно работел на секој тренинг и дека тој е жртвено јагне за лошите резултати на тимот под водство на Тен Хаг.

Англиските медиуми тврдат дека извинување ќе му го подобри статусот, но иако го избриша твитот со кој му се спротивстави на Тен Хејг, тој не се извини и неговата ситуација продолжи да се влошува. Дури и тренерот на Јунајтед неодамна изјави дека не е сигурен дали Санчо некогаш повторно ќе заигра за својот тим.

Санчо има 82 настапи за првиот тим во сите натпреварувања и има учинок од 12 гола и шест асистенции.

Foto/ EPA

Scroll to Top