Top Sport

Зидан одбил понуда од Марсеј

Легендарниот Зинедин Зидан го одби Олимпик од Марсеј, кој на крајот го ангажираше Џенаро Гатузо.

Тој доби покана од тимот од родниот град, но едноставно не беше убеден во клупскиот план и проект.

Зидан, иако е роден во Марсеј, никогаш не играл за Олимпик. Кариерата ја започна во Кан, а преку Бордо стигна до Јувентус и Реал Мадрид.

Секако, тоа не значи дека соработката меѓу двете страни нема да има во иднина.
Неодамна се појавија гласини дека инвеститори од Саудиска Арабија се заинтересирани да инвестираат во клубот од Марсеј.

Принцот Бин Салман, сопственикот на Њукасл, се распрашува веќе некое време. Можно е доколку клубот добие нов газда и Зидан да ја смени својата одлука.

Зидан не ја исклучува ниту можноста да се врати во Реал Мадрид, кој полека ја започнува потрагата по замена за Карло Анчелоти.

Најголеми шанси има Чаби Алонсо, но Зидан и претседателот Флорентино Перез и покрај бурната разделба, сепак имаат одлични односи.

Foto/ EPA

Scroll to Top