Возачот на КТМ, Бред Биндер беше најбрз на вториот тренинг пред трката за Големата награда на Јапонија во Мото ГП. Јужноафриканецот постави време 1:43:489. Второто место му припадна на Франческо Бања со Дукати, а трет беше возачот на Априлија, Алеиѓ Еспаргаро.
Биндер со помош на нова шасија, Биндер го собори рекордот на патеката стар осум години. Претходно Хорхе Лоренцо беше најбрз во еден круг на патеката Мотеги.
Бањаја заостана 0,029 секунди зад Биндер. Еспаргаро ја заврши сесијата со време од 1:43:784 минути, додека Хорхе Мартин на четвртата позиција имаше заостанување од 0,325 секунди зад лидерот. Топ 10 го комплетираа Марко Бецеки, Фабио Ди Џанантонио, Жоан Зарко, Маверик Вињалес, Пол Еспаргаро и Џек Милер.
Возачот на Хонда, Марк Маркез, доживеа незгода и сесијата ја заврши на 14. позиција, па ќе бара место во „Q2“, во почетниот дел од квалификациите.
Од својот мотоцикл падна и возачот на Јамаха, Фабио Квартаро, кој го освои 13. место.
Квалификациите се на програмата ноќта меѓу петок и сабота од 3.45 часот по средно-европско време.
Out of Q2! 😮@marcmarquez93 will be heading to Q1 tomorrow due to this crash! 💥#JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/9ZI6fsP2Yk
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 29, 2023
That one came out of nowhere! 😮@FabioQ20 took a fair whack there but thankfully it looks like he's been able to walk it off! 💪#JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/b3Bn67GGGn
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 29, 2023