Top Sport

Ди Марија го реши португалското класико

Бенфика во најголемото дерби на португалскиот фудбал го победи Порто со 1:0. Дербито го реши аргентинскиот ветеран, Анхел Ди Марија.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 68. минута кога Давид Нерес ја уфрли топката во шеснаесетникот, Ди Марија беше на вистинското место и се чини дека со малку среќа ја испрати топката во мрежата за конечни 1:0.

Порто го играше со играч помалку од 19. минута, кога Фабио Кардосо доби директен црвен картон поради опасен старт.

Бенфика е лидер со 18 бода, два помалку имаат Порто и Спортинг.

Scroll to Top