Пари Сен Жермен го забележа најлошиот старт во Лига 1 од сезоната 2010/11. Тогаш клубот беше купен од сегашните сопственици од Катар и брзо стана една од фудбалски најмоќните екипи во Европа.
Парижаните синоќа одиграа изненадувачки 0:0 против Клермон во натпревар од седмото коло на францускиот шампионат. Нерешениот резултат го остави актуелниот шампион третопласиран на табелата.
По седум натпревари од почетокот на сезоната, ПСЖ има само 12 освоени бода.