Top Sport

Чави ќе купува играч на Лестер

Чави Ернандез сака уште еден дефанзивен играч во средниот ред, бидејќи само Ориол Ромеу е таков во тимот на Барселона во овој момент.

Со заминувањето на Серхио Бускетс, Чави се надеваше на Кимих или Зубименди, клубот немаше пари, па го купи Ориол за 3,8 милиони евра од Џирона.

Барса на зима сака да доведе уште еден играч од средниот ред, а опцијата е Вилфред Ндиди од Лестер.

Нигериецот има 26 години, а во Лестер е од 2017 година кога пристигна од Генк за 17,5 милиони евра.

Сепак, тој има договор до 30 јуни и би можел да дојде на зима за мали пари.

Scroll to Top