Шкупи го победи акруелниот шампион Струга Трум Лум со 2:0, со головите на Куевен во 52.минута и на Арби Воша во 90.минута во најинтересниот дуел од 9.коло во Првата фудбалска лига.
Стружани половина час играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Христијан Георгиевски, а Кристијан Трапановски во 63.минута не реализира пенал. Сепак, Арби Воша во 90.минута го потврди триумфот.
Шкендија падна од врвот на табелата откако не помина убаво во Гостивар. Тимот на Ардијан Нухиу во финишот се спаси од пораз и одигра 2:2. Ијаји Атиемвен го отвори резултатот во 12.минута, а израмни Енур Тотре од пенал во 24.минута. Сепк, Алпер Потук во 45.минута постигна втор гол за Гостивар. Шкендија се спаси од пораз во 89.минута со голот на Клисман Цаке.
Брегалница и Вардар ремизираа без голови. Штипјани не успеаја да слават, а најтрофејниот клуб и натаму е на дното на табелата.
Работнички славеше во пресметката против Тиквеш. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, мечот заврши со триумф на “романтичарите” од 1:0. Атдхе Мазари во 21.минута го искористи невниманието во гостинската одбрана и го постигна победничкиот гол.
Во Кратово, Силекс оствари триумф над Воска со 4:2. Марко Ѓорѓиевски беше двоен стрелец за Силекс, серијата ја отвори Зајиќ, а погоди и Каланоски. Двата гола за Воска ги постигна Марушиќ.
Вчера, Македонија ЃП славеше против Брера со 1:0.