„Црвените ѓаволи“ го доживеаја четвртиот пораз во првите седум кола во Премиер лигата во седум кола. Загубија во саботата од Кристал Палас (0:1).
Менаџерот Ерик Тен Хаг, има проблем со формата и повредите на фудбалерите. Клубот соопшти дека во понеделник стоперот Лисандро Мартинез ќе биде опериран.
Аргентинецот се повреди на дербито со Арсенал во Лондон, поточно тој ја обнови повредата што ја доби минатата сезона против Севилја во Лигата на Европа, поради која беше надвор од терените цели 11 недели.
Се обиде Мартинез без операција да се врати во тимот, играше против Баерн и Брајтон, но тоа само ја влоши неговата здравствена ситуација. Поради тоа клубот реши тој да оди на операција на петтата метатарзална коска на стапалото.
Аргентинецот нема да биде на теренот најмалку три месеци, што ќе биде голем тест за и онака разнишаната одбрана која неодамна беше десеткувана со отсуството на Арон Ван-Бисака, Лук Шо, Тајрел Маласија.