Top Sport

Арсенал се распрашува за фудбалер на Манчестер сити

Арсенал сака дополнтелно да го засили средниот ред во јануарскиот преоден рок. Менаџерот Микел Артета сака да го види во својот тим фудбалерот на Манчестер сити, Калвин Филипс.

27. годишниот Англичанецот сезонава одигра само 167 минути во тимот на Пеп Гвардиола, а моментално с наоѓа на листата на фудбалери кои можат да заминат на позајмица.

И покрај тоа што станува збор за директни конкуренти, оваа зделка може да се случи, ако се знае дека и минатото лето Сити на Арсенал му ги продаде Габриел Жесус и Олександер Зинченко.

По неколку одлични сезони во Лидс, Филипс минатото лето беше купен од Сити за 49 милиони евра. Сепак, играчот од средниот ред не успеа да се наметне во тимот на Пеп Гвардиола, за кој настапи на само 26 натпревари, од кои само пет како стартер.

Калвин Филипс има договор со Манчестер сити до летото 2028 година.

Scroll to Top