Top Sport

Цената на Де Брујне е 250 милиони евра

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер сити, во интервју за шпанските медиуми, ја открил откупната клаузула што постои во договорот на Кевин Де Брујне.

Белгиецот, минатата сезона беше најдобриот играч на Манчестер сити, поради тоа во јануари клубот му понуди нов договор. Откупната клаузула во договорот изнесува 250 милиони евра.

„Де Брујне е брилијантен, многу динамичен играч. Марсело Биелса ми кажа дека тој му е омилениот фудбалер. Тој моѓе се“, рекол Гвардиола и дополнил.

„Еден ден ги запознав неговите родители и тогаш разбрав каков човек е Де Брујне. Неверојатно момче, поради тоа ми е жал за останатите клубови, откупната клаузула му е 250 милиони евра и тој не е на продажба“.

Де Брујне поради пореда се уште нема одиграно натпревар за Манчестер сити во новата сезона.

Scroll to Top