Top Sport

Ново шоу на Мурињо пред новинарите

Жозе Мурињо приреди ново шоу на прес конференцијата, одржана во пресрет на утрешниот натпревар помеѓу Вотфорд и Манчестер јунајтед.

Повторно Португалецот водеше своја војна со новинарите, а особено бил испровоциран од изјавата на поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, дека Маркус Рашфорд би требало да го напуши клубот.

„Секако дека очекувам критики од сите тие новинари и стручњаци доколку Рашфорд не биде во тимот, бидејќи сите тие се опседнати со мене. Некои имаат проблем бидејќи се лажговци. Секое утро кога ќе се разбудат прво што прават е да помислат на Жозе Мурињо. Сите знаат дека некои луѓе имаат по две плати. Ги плаќаат одредени клубови и секако не се независни, бидејќи на работите гледаат онака како шти им одговара. Тоа е човечки, но не е етички. Ги жалам бидејќи во животото постојат многу поинтересни работи од Мурињо“, рекол менаџерот на Манчестер јунајтед, а потоа решил да изнесе некои факти.

„Во сезоната 2016/17, Рашфорд, одигра 32 натпревари во Премиер лигата, 11 во Лига Европа, вклучувајќи го и финалето и три во ФА купот. Значи одиграл 53 натпревари или во минути 3068 и доколку тоа го поделите со 90, тоа значи дека тој во целост одигра 34,2 натпревари. Минатата сезона одигра 35 натпревари во Премиер лигата, осум во Лигата на шампионите, пет во ФА купот, три во Лига купот. Вкупно одиграл 52 натпревари, односно 2676 минути. Тоа се 30 цели натпревари“.

„Рашфорд е добро момче и добар фудбалер, ја има поддршката на клубот, ја имаше поддршката на Ван гал, ја има и мојата. Никогаш не бил надвор од тимот. Луѓето кои велат дека треба да игра повеќе, мора да разберат дека Рашфорд не е Доминик Соланке, Рубенс Лофтус-Чик или Домини Калвер-Лавин. Навивачите на Јунајтед треба да разберат дека работиме и со Лингард, Шо и Мектомени“, рекол Мурињо не заборавајќи да ги испровоцира и ривалите Ливерпул поради Соланке и Челси поради Лофтус-Чик.

Scroll to Top