Утре од 21 часот, Реал Мадрид ќе му гостува на Наполи во Лигата на шампионите. Пред натпреварот прес одржа поранешниот тренер на Наполи, кој сега седи на клупата на Реал, Карло Анчелоти.
„Дали да го ставам Камавинга на позицијата лев бек? Тој е една од опциите. Добрата работа кај него е што може да игра на повеќе позиции. Тоа не е проблем за него бидејќи ако го прашате дали ќе игра лев бек или ќе биде на клупа, вели дека ќе игра бек“, објасни тренерот на Реал.
„Да, го ставив на таа позиција на последниот првенствен натпревар против Џирона. Менди не играше некое време и размислував да го ставам Фран Гарсија. Но, Винисиус го ставив на лево крило, а потоа ви треба некој како Камавинга за да ја покрие неговата позиција“, објасни тој.е Анчелоти.