Top Sport

Дебакл на Работнички, во последната четвртина постигна само два поени

Кошаркарите на Работнички со убедлив пораз стартуваа на квалификацискиот турнир за ФИВА Еврокупот. Работнички вечерва загуби од рапид Букурешт со 57:87 (20:21, 21:24, 14:21, 2:21).

Работнички против гостите од Романија имаше сили само за едно полувреме. Тој период заврши со четири поени предност за Рапид.

Целосен распад на системот следуваше во второто полувреме. Некаде во вториот дел од третата четвртна Рапид со серија 2:10 прв пат стекна двоцифрена предност и тука приказната заврши.

Последната четвртина ќе влезе во аналите на кошарката бидејќи кошаркарите на Работнички постигнаа само два поени.

Трајс и Џелетовиќ со по 15 поени беа најефикасни кај Работнички. Приџет го предводеше Рапид со 23 поени, седум скока, пет асистенции и четири украдени топки.

Утре Работнички ќе игра против Сабах од Баку на чија клупа седи Боби Митев. Баку во првото коло го победи Гронинген со 75:72.

Scroll to Top