Првиот носител на турнирот во Пекинг, Шпанецот Карлос Алкараз, не успеа да се пласира во финалето. Тој во полуфиналната пресметка беше поразен Италијанецот Јаник Синер со 2:0 во сетови.
Синер за помалку од два часа успеа да го надигра големиот фаворит.
Првиот сет Алкараз го загуби во тај-брејк, а Синер во вториот доминираше и го комплетира со 6:1 во сетови.
Синер во финалето ќе игра против Русинот Данил Медведев кој во првото полуфинале го победи Александар Зверев.