Атлетико Мадрид подготви нов договор за тренерот Диего Симеоне. Актуелниот договор на Аргентинецот истекува на крајот од сезоната.
Желбата на првиот човек на клубот од „Сивитас Метрополитано“ е Аргентинецот, кој е на кормилото на тимот од 2011 година, да остане уште три години.
Се верува дека тој би можел да се согласи со условите и да го потпише договорот веќе за време на претстојната репрезентативна пауза.
Сепак, Чоло Симеоне, како и играчите, ќе мора да се согласи на намалување на платата за 45 отсто поради финансиски проблеми.
Клубот сака да заштеди дополнителни 19 милиони евра оваа година и тоа само за платите.
Инаку, Симеоне имаше многу успеси со Атлетико.
Со „јорганџиите“ освои две титули во Примера, една во купот, Суперкупот на Шпанија, два трофеи во Лига Европа и во Суперкупот на УЕФА, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампионите кога беа поразени од градскиот ривал Реал.
Foto/ EPA