Бразилскиот клуб Форталеза е првиот финалист на овогодинешното издание на Копа Судамерикана, второто по квалитет натпреварување во Јужна Америка.
Во реваншот играчите од сојузната држава Сеара го совладаа попознатиот Коринтијанс со 2:0 и стигнаа до мечот за титулата. Првиот натпревар заврши со резултат 1:1.
Форталеза до триумфот стигна за шест минути од вториот дел. Предноста ја донесе Јаго Пикачу во 49. минута, а конечниот резултат го постави Тинг во 55. минута.
Во мечот за титулата, Форталеза ќе игра со победникот од дуелот Дефенса Хустисија (Аргентина) – Кито (Еквадор). Првиот натпревар Еквадорците го добија со 3:0.