Фудбалскиот клуб Рома објави дека потпишал спонзорски договор со саудиски партнер со цел да ја промовира таа земја.
Во останатиот дел од сезоната Римјаните на дресовите ќе ја носат отпечатената порака „Сезона на Ријад“, што е името на настанот што секоја година се одржува во Саудиска Арабија.
Италијанските медиуми пишуваат дека римскиот клуб од овој договор ќе заработува осум милиони евра по сезона.
Рома најави почеток на соработка со Саудијците, кои се повеќе инвестираат во европскиот фудбал, се со една цел – да го свртат вниманието на светот кон нивните инвестиции во овој спорт.
Инаку во официјалното соопштение не е прецизирано колку ќе трае договорот и за која сума станува збор, се наведува само дека ова е почеток на партнерство „за годините што доаѓаат“.
Сепак, италијанските медиуми дознаваат дека станува збор за сума од осум милиони евра по сезона, колку Рома ќе заработи од промоцијата на Саудиска Арабија.
Инаку, Рома е без насловен спонзор на дресот од април откако заврши соработката со компанијата „ДигиталБитс“.