Винисиус Жуниор се пофали дека тој бил клучниот човек во трансферот на Џуд Белингем во Реал Мадрид. Младиот Англичанец, во летниот преоден рок од Борусија Дортмунд за повеќе од 100 милиони евра се пресели во Реал.
Белингем постигна осум гола во девет натпревари за Реал.
„Го сакав Џуд во Реал Мадрид. Минатата година му праќав многу пораки. Речиси секој ден му испраќав пораки и му велев: „Дојди во Мадрид“, изјави Винисиус.