Top Sport

Левандовски ќе паузира еден месец

Барселона скапо ја плати синоќешната победа во Порто со 1:0 во Лигата на шампионите.

Роберт Левандовски се повреди, го напушти теренот во 34. минута и му го препушти местото на Феран Торес, кој подоцна ги постигна единствениот гол.

Првите прогнози не се добри за Полјакот и за шампионот на Шпанија.

Каталонски „Спорт“, пренесува дека голгетерот ќе биде надвор од терените најмалку еден месец поради истегнување на зглобот, што значи дека ќе го пропушти „Ел Класико“ против Реал што ќе се одигра на 28 октомври на „Монжуик“, во рамките на 11. коло од Ла Лига.

Левандовски ќе ги пропушти и натпреварите против Гранада, Атлетик Билбао и Шахтјор, а нема да биде во составот на Полска за натпреварите против Фарски Острови и Молдавија во квалификациите за ЕП.

Foto/ EPA

Scroll to Top