Top Sport

Контроверзниот судија од ВАР собата нема да му суди на Ливерпул до крајот на сезоната

Поразот на Ливерпул со 2:1 од Тотенхем во седмото коло од Премиер лигата минатата сабота следеше по кардиналната грешка на судиите во ВАР-собата. Не го признаа чистиот гол на Луис Дијаз при 0:0.

Минуваат денови, бурата не стивнува, па Ливерпул дури побара да се преигра натпреварот. Јасно е дека тоа нема да се случи.

Судиската комисија на Премиер лигата, веднаш по завршувањето на натпреварот ја призна грешката и им се извини на Ливерпул. Во меѓувреме е донесена одлука судијата Дарен Ингланд да им суди на „црвените“ до крајот на сезоната.

Токму тој беше главна во ВАР-собата, каде настана проблемот со поништениот гол, кога очигледно недостигаше соодветна комуникација.

Ингланд е суспендиран, тој нема да биде делегиран во наредните две кола, а во иднина се очекува да се врати на работа, со исклучок што нема да биде таму за натпреварите на Ливерпул.

Scroll to Top