Top Sport

ФК Вардар: Ѓоко Хаџиевски и понатаму ќе биде спортски директор на клубот

Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски и покрај новиот тренерски ангажман во Саудиска Арабија, ќе продолжи да ја извршува функцијата спортски директор на ФК Вардар, чесно и одговорно како и досега, потврдуваат од најтрофејниот клуб.

Притоа, од ФК Вардар напоменуваат дека Хаџиевски во клубот работеше без да потпише било каков договор , ниту пак да побара било каков финансиски надоместок за сработеното.

Ѓоко Хаџиевски донесе одлука да ја прифати понудата на саудискиот второлигаш Хаџер.

 

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');