Top Sport

(ВИДЕО) Вест Хем и Аталанта стигна до втора победа во Лига Европа

Вест Хем победи против Фрајбург на гости (1:2) и се наоѓа на врвот во групата А со 6 бода. Лукас Пакета го отвори резултатот, Роланд Салаи израмни на почетокот на вториот дел, но Наиф Агерд во 66.минута донесе победа за Вест Хем.

Аталанта го освои Лисабон славејќи со Спортинг со 1:2. Скалвини и Руџери во првото полувреме погодија за италијанскиот тим, а намали Ѓокереш пред крајот на мечот.


АЕК и Ајакс ремизираа 1:1 во Атина, а Бетис ја победи Спарта Прага со 2:1. Олимпик Марсеј и Брајтон ремизираа 2:2.

ТСЦ Бачка Топола имаше два гола негатива против Олимпијакос, но на крајот израмни на 2:2, а Арис го победи Глазгов Ренџерс со 2:1.

 

Scroll to Top