Тотален хаос се случи по натпреварот АЗ – Легија (1:0) во второто коло од Конференциската лига. Откако полските хулигани нокаутираа холандски полицаец за време на натпреварот, безбедносните сили го блокираа автобусот на гостинскиот клуб по натпреварот. Полицајците тоа го направија додека играчите на Легија ги пакуваа работите во автобусот. Холандската полиција уапсила двајца фудбалери Жосуе и Радован Панков.
Нервозата од чекањето и неинформираноста за тоа што се случува доведе до ескалација. Околу автобусот на полскиот клуб бил поставен полициски кордон, била употребена дури и сила, а откако биле уапсени фудбалерите на распит во полициска станица, а во обид да го спречи нивното апсење, пендрек во главата добил претседателот на Легија, Дариуш Миодуски.
Исто така, неколку членови на персоналот на клубот беа погодени со полициски палки, а по повеќе од два часа чекање автобусот со играчите го напушти стадионот.
🚨Josue prowadzony w kajdankach przez policję do radiowozu. Nieprawdopodobne zdarzenia w Alkmaar. @sport_tvppl pic.twitter.com/iltohCgeCy
— Piotr Kamieniecki (@PKamieniecki) October 5, 2023
Tutaj moment agresywnego ataku holenderskiej policji na Prezesa @LegiaWarszawa D.Mioduskiego !!! Absolutny skandal. Została naruszona także nietykalność cielesna kilku zawodników i członków sztabu zarówno przez ochronę jak i policję. Sytuacja bez precedensu. pic.twitter.com/qIceazjxWu
— Jarek Jankowski (@JJ1916JJ) October 5, 2023