Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека неговиот тим се помирил со поразот од Тотенхем во седмото коло од Премиер – лигата, кога ВАР-технологијата ги оштети „црвените“.
Беше поништен регуларен гол на Луис Диаз во 34. минута, а по натпреварот Клоп побара натпреварот да се преигра.
„Се помиривме со резултатот. Не сме деца да плачеме, само имавме неколку прашања на кои ни беше потребен одговор“, изјави Клоп.