Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, в недела ќе стартува од пол-позиција на Формула 1 трката за Големата награда на Катар.
Ферстапен, кој веќе во саботата може да ја обезбеди својата трета титула светски шампион постигна време од 1:23.778 минути и со тоа стигна до десеттата пол-позиција во сезоната.
Тој го остави дуото Мерцедес зад себе, бидејќи беше побрз од Џорџ Расел за 0,441 и Луис Хамилтон за 0,527 секунди.
Фернандо Алонсо во Астон Мартин имаше четврто време, возачот на Ферари Шарл Леклер беше петти, додека до десеттото место се наредија Оскар Пјастри (Мекларен), Пјер Гасли (Алпин), Естебан Окон (Алипн), Валтери Ботас (Алфа Ромео) и Ландо Норис (Мекларен).
Во сабота на 7 октомври на програмата се квалификациите за спринт и спринт трката, додека Големата награда на Катар започнува во недела во 19:00 часот.
QUALIFYING CLASSIFICATION
Russell joins Verstappen on the front row
Norris and Piastri both have final lap times deleted and start P10 and P6 respectively#F1 #QatarGP pic.twitter.com/XM4wXIP5LX
— Formula 1 (@F1) October 6, 2023