Top Sport

Барселона поради ФФП, во јануари да се активира на трансфер пазарот

Барселона допрва треба да најде замена за Серхио Бускетс, кој летово во Мајами им се приклучи на Лионел Меси и Жорди Алба во Интер. Барселона е во потрага по фудбалер кој ќе биде долгорочно решение за една од најчуствителните позиции во тимот. „Мундо Депортиво“, пишува дека замената за Бускетс нема да пристигне ниту во зимскиот преоден рок.

Барселона не може да планира трансфери во јануари бидејќи правилата на финансискиот фер-плеј не го дозволуваат тоа. Затоа клубот ќе се фокусира на летниот преоден рок.

Нивната главна цел е 18. годишниот Бразилец Витор Роке од Атлетико Паранаенсе и доколку се укаже прилика Барселона би се обидела да го доведе во јануари, но „Мундо Депортиво“, пишува дека како што стојат работите тоа не е реално.

Освен него, Барселона следи неколку различни прифили на фудбалери од редот за врска, меѓу кои и 29. годишниот Аргентинец Гвидо Родригез од Бетис, кој многу му се допаѓа на Чави, како и неговиот 22. годишен соиграч Серхи Алтимира, за кого сметаат дека се уште е не е на нивото потребно за Барселона. Каталонците исто така покажале интерес и за 18. годишниот Белгиец, Артур Вермерен од Антверпен.

Оваа сезона Ориол Ромеу ги започна сите натпревари на местото кое со години беше резервирано за Бускетс и одигра солидно, но Барселона не го смета 32. годишниот играч за долгорочно решение и има намера да доведе многу помлад играч.

Scroll to Top