Top Sport

Мекларен најдобри во спринт квалификациите, Пјастри ќе стартува од пол-позицијата

Еден два победа во спринт-квалификациите за Мекларен пред трката за Големата награда на Катар.

Пол-позицијата ја освои младиот Австралиец, Оскар Пјастри. Ова за него е најголемиот успех во кариерата, бидејќи прв пат во кариерата една трка ќе започне од челната позаиција.

Веднаш до него, од првиот ред, спринтот ќе го стартува неговиот тимски колега Ландо Норис.

Вториот ред на стартот го формираат Макс Ферстапен и Џорџ Расел. На Ферстапен му се доволни три поени за да ја обезбеди третата титула Светски првак.

Следуваат возачите на Ферари Карлос Саинц и Шарле Леклер, однсно Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Естебан Окон и Фернандо Алонсо.

Спринт квалификациите, слично како и вчерашните за главната трка ги обележа дирекцијата на трката. Повторно на многу возачи им беа бришани времињата, бидејќи не возеле во границите на патеката.

Спринт трката во Катар ќе започне вечерва во 19.30 часот.

Scroll to Top